Vasil - Patuvam

Tekst piosenki:


Од сонцето,
Топол зрак сум здив кој плени волшебен.
Од реката
сум бистра, капка блескава
Море сени и те опива

Од оkото,
Врела солза сум со сказна искрена
Од дланката сум
Допир нежен, кадифен и мек
Кој срце грее и те милува

Патувам, патувам
Каде ноќта ми е топла, светла
Да, патувам
Каде денот ми е долг и ведар
Да патувам
Каде јавето е исполнет сон

Патувам, патувам
Со празен ранец - полна душа
Да, патувам
Каде срце има мир и спокој
Да, патувам
каде јавето е исполнет сон

Од небото,
Крадам лет од граблив сокол возвишен
На облак мек
Глава ставам и се одморам
Душа крепам па се вивнувам

Патувам, патувам ...
Каде ноќта ми е топла, светла
Да, патувам
Каде денот ми е долг и ведар
Да патувам
Каде јавето е исполнет сон

И патувам, патувам
Со празен ранец - полна душа
Да, патувам
Каде срце има мир и спокој
Да, патувам каде јавето е исполнет сон